Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва.
Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да биде спроведен и во делот поврзан со Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот Владимир Путин тоа веќе 100 пати го повтори. Русија е подготвена брзо да се врати на вистинскиот договор. Не само на разговорите, туку и на самиот договор. Таа е подготвена да го направи тоа веднаш. Договорот едноставно треба да се спроведе во делот што се однесува на Русија. Тоа досега не е направено“, изјави Песков.
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, вчера посочи дека Русија е подготвена да се врати на преговорите за договорот кој овозможува безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море.