Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не сака никого да нападне и дека нема проблеми ниту со Финска, ниту со Шведска, кои се приклучија на НАТО.
Песков одговараше на прашање во интервју за францускиот магазин „Поинт“ за тоа дали Русија планира да нападне некого.
„Не сме имале и немаме никакви проблеми ниту со Финска, ниту со Шведска, кои се приклучија на НАТО“, рече Песков, пренесе ТАСС.
Песков рече дека на финска територија постепено се појавува воена инфраструктура на НАТО и дека Русија на тоа реагира со преземање мерки за зголемување на својата безбедност, но дека нема намера никого да нападне.
Тој изјави дека „за среќа, ниту во балтичките земји, ниту во Финска Русите не се цел на тенкови и авиони, како што се случува во Донбас од 2014 година“.