Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва, и покрај тензиите помеѓу Русија и Западот, очекува нормализација на односите во даден момент.

– Секоја конфронтација завршува со намалување на тензијата, а секоја кризна ситуација завршува на преговарачка маса. Тоа ќе се случи и овој пат, истакна Песков во програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на државната телевизија.

Тој додаде дека „најверојатно тоа нема да се случи брзо, но оти ќе се случи“.

Според Песков, Русија е поддржувач на меѓународна хармонија заснована на заемна почит и корист и ги обвини САД, без директно да ги именува, за нивниот „каубојски пристап“.