Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека вклучувањето на САД во конфликтот меѓу Иран и Израел би претставувало дополнителна ескалација за целиот регион.
„Ќе бидеме уште позагрижени бидејќи тоа ќе значи дополнителна значајна рунда на ескалација за целиот регион“, рече Песков, според „Известија“.
Тој изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не ги споделил со Русија своите планови за дејствување на Блискиот Исток.
Според Песков, Трамп не може ниту да прифати, ниту да не ги прифати посредничките услуги на рускиот лидер Владимир Путин за ситуацијата на Блискиот Исток.
„Овие услуги можат да ги прифатат земјите кои сега се директно вклучени во конфликтот“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ги медиумските извештаи дека Трамп наводно ја отфрлил понудата на Русија да посредува во ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел.