Кремљ соопшти дека верува оти во САД и во Европа ќе има зголемен замор од војната во Украина, но дека Вашингтон ќе остане директно вклучен во конфликтот.
Русија предвидува дека заморот на Западот од војната во Украина ќе доведе до фрагментација на мислењето за конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Неговата изјава уследи по одлуката на американскиот Конгрес да усвои нацрт-законот за привремено финансирање, со што беше изоставена помошта за Киев.