Кога имате 5 сина, работите понекогаш може да се искомплицираат. Куќата е сигурно бучна и неуредна, а мама и тато имаат полни раце работа.

Така живеат луѓето од ова видео. Тие го очекуваат своето шесто дете и се горди родители на 5 момчиња. Би било интересно овој пат да добијат девојче и ситуацијата да се промени малку.

Можеби мислите дека тие петмина се среќни што се имаат еден со друг и дека сакаат уште еден брат, но се лажете. Кел, Тад, Трој, Роган и Рос се помеѓу 3 и 11 години и се сакаат, но тие навистина сакаат сестра.

За нивна среќа, пред неколку месеци нивните родители го откриле полот на бебето,  и е токму тоа што го сакаат.

На видеото можете да го видите моментот кога првпат ќе се сретнат со својата сестра Шеј.