Сите ние имаме некоја пасија во животот. Нешто што нè исполнува максимално и нè оттргнува од секојдневните случувања. За некои тоа е целосното посветување на работата, а за други – некое хоби кое на животот му дава поинаква димензија и смисла за постоењето. Прочитајте 5 начини како хобито може да ви стане работа со полно работно време:
Понудете бесплатни примероци или големи попусти
Ако во слободно време се занимавате со продавање облека, накит, готвена храна или какви било услуги, добро е да ги понудите или тестирате на пријателите. Поканете ги дома и запознајте ги со тоа што го правите, покажете им ги производите и дадете им нешто гратис или со голем попуст. Потоа, прашајте ги што мислат за производот или дадената услуга, како би можеле да ги понудат на нивните блиски и пријатели.
Учете од големите фирми
Внимателно проучете ја стратегијата на големите компании. Видете што прават за да го продадат нивниот производ. Во најдобар случај, прашајте дали некој од вработените таму би сакал да вложи малку труд и енергија за да ве научи на некои трикови и начини за подобра продажба.
Користете интернет
Откако ќе научите некои основни трикови и начини за подобра продажба, почнете да употребувате социјални мрежи за да го раширите вашето хоби на што е можно поголем број луѓе. LinkedIn е одлична за почеток. Ова може да го правите вие самите, но подобро е да повикате некои блиски пријатели да бидат дел од вашиот иден бизнис. Колку поголема посетеност на социјалната мрежа, толку повеќе потенцијални купувачи и поголем успех.
Рекламата е важна
Ова е малку понапредно ниво и многу важен чекор за хобито да стане бизнис. Креирајте веб-сајт за вашиот производ, дизајнирајте лого, смислете некое добро име за фирма и почнете да се афирмирате низ светот. Твитер, фејсбук и јутјуб исто така можат многу да ви помогнат во тоа.
Време е за бизнис
Ако вашето хоби го исполнува вашиот живот и, што е уште поважно, може да ви обезбеди парични средства за период од 3 до 6 месеци со повремени трошоци, слободно прогласете го хобито за работа со полно работно време. Со среќа!