В сабота се навршуваат пет одини откако најуспешниот возач во историјата на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер тешко настрада на скијање на француските Алпи, а неговата здравествена состојба е понатаму е скриена од јавноста.
Седумкратниот светски првак настрада на 29 декември 2013 година на скијање на француските Алпи. Иако носел скијашка кацига, се здоби со тешки повреди на главата откако падна при скијање. Префрлен беше во болница во Гренобл каде имаше 2 операции и потоа ставен во индуцирана кома. Пет месеци подоцна префрлен беше од одделот за интензивна нега, на рехабилитациски оддел и во 2014 година преместен во Универзитетска болница во Лозана.
Во јули таа година стигна во својот дом на швајцарски Гланд, место на брегот на Женевското Езеро. Од тогаш медиумите само неофицијални вести објавуваат за неговата здравствена состојба. Неговото здравје со тоа стана една од најголемите тајни на денешниот спорт.
Дел медиуми јавуваат дека тој беспомошно лежи во болнички кревет, додека други тврдат дека самостојно се движи низ домот и се опоравува успешно. Постојат и спекулации за тоа колку чини неговата медицинска грижа и се споменуваат 55.000 евра месечно.
Една од личностите кои се грижат за неговата состојба е менаџерката Сабина Кем. Повремено испраќа соопштенија за медиуми кои се општи дека неговото семејство се обидува да направи се најдобро за да се опорави Шумахер.
Еден од оние кои знаат за неговата сдравствена состојба е и Жан Тод, претседател на Меѓународната автомобилска федерација, но и тој молчи.
Шумахер во кариерата освои рекордни седум титули светски првак и 91 победа. Првите две му се на Бенетон (1994 и 1995), а од 2000 па до крајот на 2004 Шумахер освои 5 титули во низа во болидите на Ферари. Настапи на 308 Гранд при трки, а 155 пати беше на една од првите три места.
На 3 јануари ќе наполни 50 години.