Според последните анализи на Институтот за јавно здравје во текот на ноември се пријавени вкупно 229 случаи на Ковид-19, во Македонија, а од нив пет лица ја изгубиле битката со болеста. Според нив регистрирани се 94 реинфекции, односно лица што по неколку пати веќе го прележале вирусот.
Во текот на ноември пријавени се вкупно 229 случаи на Ковид-19, во Македонија, а од нив пет лица ја изгубиле битката со болеста. Ова се последните анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде што од кога Светска здравствена организација прогласи крај на пандемијата податоците за коронавирусот се сублимираат на месечно ниво.
-Во однос на претходниот месец октомври 2023 година кога биле заболени со овој вирус 535 лица се регистрира намалување на бројот на пријавени од ковид-19 за 57,2%, а во однос на ноември минатата 2022 година кога имало 824 инфицирани лица се регистрира намалување на заболените од 72,2%. Од заболените во ноември годинава најголем број на заболени и тоа 112 лица се од Скопје, а највисока инциденца од 68,9,1/100.000 се регистрира во Охрид-велат од Институтот за јавно здравје.
Според нив регистрирани се 94 реинфекции, односно лица што неколку пати веќе го прележале вирусот.
-Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната групата над 60 години, покажува статистиката на ИЈЗ.