Пет национални телевизии здружени во ММА (Македонска Медиумска Асоцијација) започнаа бојкот на активностите на министрите и на Владата, пишува Курир.
Вчера тие ги спуштија камерите и не ја снимаа прес конференцијата на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Во исто време, во вестите на телевизиите со национална фреквенција, веќе два дена не се емитуваат прес конференции на министрите.
Како што дознаваме, ваквиот радикален чекор телевизиите го презеле поради неисполнетите ветувања за помош преку Министерството за култура, но и поради лошиот однос на Владата и „министерот за пропаганда” Роберт Поповски кон новинарите.