Универзален рецепт против прекумерно потење нема, но има неколку трикови кои можат да ја ублажат ситуацијата…

Јаболков оцет

Тоа ги убива бактериите и помага во намалувањето на порите, со што се намалува и потењето. Се што треба да сториме е да го нанесеме со памуче под пазувите, пред спиење.

Пијте вода

Дехидратацијата води до поинтензивно потење. Затоа, добро е да пиеме барем два литра вода дневно – за жените, и три литри за мажите.

Избегнувајте лута храна

Феферонките го поттикнуваат потењето, па се препорачува во потоплите периоди да се јаде помалку луто. Но, не и целосно да се изостави, оти лутата храна е полезна за здравјето.

Носете попроѕирна облека

Избегнувајте облека која се припива и лепи на телото. Носете лесна, памучна и попроѕирна облека, и избегнувајте маици од вештачки материјали, оти тие главно не пропуштаат воздух до кожата, што го зголемува и потењето, но и непријатната миризба.

Вежбајте

Кога вежбаме, се потиме повеќе, но тоа тогаш е и помалку нагласено поради зголеменото лачење ендорфин. Хормонот на среќата го намалува нивото на кортизол (хормонот одговорен за стрес). Тоа го подобрува расположението и ги минимизира „несаканите појави“.