Петмина тинејџери се префрлени во болница по пукањето во близина на средното училиште во градот Аурора во американската држава Колорадо, соопшти денеска локалната полиција.
Осомничениот е во бегство, додаде полицијата, но не откри повеќе детали за нападот. Петте лица кои завршија во болница се на возраст меѓу 14 и 17 години, јави Си-Ен-Ен. Пукањето се случило во Ноум Парк, јужно од Централното средно училиште.
Централното средно училиште Аурора има повеќе од 2.000 ученици од 2019 година, според статистиката на Националниот центар за образование.