Ако некогаш сте имале токсичен пријател, тогаш знаете колку тешко и напорно може да биде тоа. Тие можат да бидат различен вид – од енергетските вампири до нарциси и социопати. Но секој вид токсични луѓе создава товар што понекогаш е претежок.
А што ако проблемот не е другата личност туку самите вие? Понекогаш токсичноста е суптилна. Покрај тоа може да биде и заразна, па доколку сте се дружеле со вакви луѓе ништо чудно и вие несвесно да сте го прифатиле нивното однесување.
Можеби сте забележале дека пријателите се оддалечуваат од вас или пак некој не ви се јавува директно. Без разлика што се случува, важно е да разгледате дали ќе препознаете барем еден од знаците дека вие сте токсичниот пријател за да можете да направите промена.
1. Секогаш разговарате само за себе
За што разговарате кога сте со пријателите? Ги знаете ли плановите на пријателите или сакате да разговарате само за вашиот бизнис и никогаш не ги прашувате како се? Себичноста е една од најсуптилните форми на токсичност за забележување кај нас бидејќи за луѓето е природно прво да се грижат за себе. Сепак, ако можете да зборувате само за себе и никогаш не покажувате заинтересираност во животот на пријателите, можеби вие сте токсичниот пријател.
Дали ги користите пријателите за да ги искусите нештата што ги сакате само за да не бидете сами? Дали ги каните пријателите само кога имаат нешто што сакате или кога ви е здодевно без воопшто да ги прашате каде сакаат да одат и што сакаат да прават? Ако се препознавте, вие ги користите вашите пријатели за да се чувствувате подобро бидејќи имате ниска самодоверба. Сè што правите е обид да го додадете делчето на сложувалката што мислите дека недостасува. Но, тоа делче никогаш нема да го пронајдете бидејќи не недостасува. Потребно е да ја сфатите вашата вредност пред да ги избркате луѓето кои се овде да ве поддржат.
3. Секогаш разговарате за проблеми
Постојано разговарате за проблеми – вашите, на пријателите или на светот. Вие сте навистина негативно влијание. Ако мислите дека го правите ова, добро погледнете го вашиот живот и она за коешто настојувате да разговарате. Откријте дали треба да ја средите вашата перспектива и што ги предизвикува овие мислења кај вас.
4. Ги обесхрабрувате кога зборуваат за нивните соништа и цели
Многу луѓе се чувствуваат обесхрабрено и победено од животот, а тоа е сосема нормално. Животот е тежок и потребна е вистинска храброст да се соочите со сите предизвици. Но често кога се случува ова, почнуваме да ги презираме сите коишто ги следат нивните соништа бидејќи ние сме се откажале од нашите. Понекогаш можно е дури и вербално да ги саботирате вашите пријатели. Ако го правите ова, вие сте навистина лош пријател. Потребно е да ја најдете вашата страст за животот, а потоа да ги мотивирате и пријателите да го направат истото.
5. Им се јавувате само кога имате проблем и сакате да се искажете
Дали стапувате во контакт со пријателите само кога ќе се појави проблем? Размислете, овој пријател остава сè само за да ве утеши, а вие сигурно нема ни да го побарате наредниот ден. Време е да ги промените вашите приоритети.