Eеее, јас ова го верглав цела една година,но сепак браво за објавеното. Ако го додадете Винтерленд и осветлувањето на Скопје за таа нова 2020, сумата ближи скоро 1.000.000 евра, кој Шилегов ги потроши, ко да се негови, а не пари на граѓаните. Меѓу главните е Здравко Кочишки od “Dvd pet”кој ги има добиено сите 41 тендер во вредност од преку 1.500.000 евра, а сите други фирми: (O), По објавеното,истиот ја растура фирмата на две нови, Двд Плус и Двд рентал,за да ја затшка целата работа, па со нив во време на ковид,кога пола од компаниите од нашата дејност се затворија, овие две добија нови милионски суми, и се разбира повторно сите тендери со: МКЦ, УНИВЕРЗАЛНА САЛА, МОБ, ФИЛХАРМОНИЈА, СКОПСКО ЛЕТО, ОХРИДСКО ЛЕТО, МАК ФЕСТ, ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, како и многу други поситни тендерчиња. Значи, едноставно, овие две се, а сите други О!!! По овие локални избори многу работи ќе станат појасни!!!! Македонија вечна!, напиша на Фејсбук, Петар Георгиевски Камиказа.