Хрватските музички ѕвезди, Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ ја прекинаа долгогодишната љубовна врска, што предизвика внимание во хрватската јавност која со години ги сметаше за најскладен пар.
Како што пишува Стори.хр, парот веќе некое време не живее заедно, а веста за разделбата не сакале да ја коментираат.
Заедно поминале повеќе од 24 години.
Даниела пред помалку од два месеци му упатила емотивна честитка за роденден.
-Нека ти е најсино… Нека ти е море. Среќен роденден, напишала под заедничката фотографија која се уште се наоѓа на инстаграм профилот.
Петар и Даниела се запознале во 1995 година на Дора во Опатија, а две години подоцна започнале љубовна врска.
Парот ретко можеше да се види заедно во јавност, а повеќе пати истакнуваа дека на нивната врска не и е потребен брак за да останат еден покрај друг.