Над 8.000 Американци се потпишале во петиција со барање државата Монтана да биде продадена на Канада за трилион долари, јави Си-Ен-Ен.
Тие наведуваат дека американската држава е бесполезна како економија и по број на население. Со парите ќе може да се покрие дел од надворешниот долг на САД кој е окоу 22 трилиони долари. Петицијата се уште ја потпишуваат жителите.
Тие се согласни со предлогот да не се плаќа за административни такси за промена на документи.
– Ве молиме, примете не, ги повикуваат канадските власти.
Според нив, преминот во Канада ќе им обезбеди подобар здравствен систем и поголема слобода. Во Монтана живеат малку над милион жители.