Во СВР Скопје синоќа околу 21:10 часот било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.
МВР соопшти дека изутрината во 8:30 часот детето починало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.