Бугарија ќе бара да биде исклучена од забраната, ако таква мерка ЕУ донесе за увоз на руски гас и нафта.
Ова е изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за Ројтерс.
Според него, Бугарија ги почитува и поддржува сите мерки против Русија, но зависна е од руските енергенси и ако се воведе забрана за нив, таа ќе бара изземање од забраната. Во овој момент, немаме алтернатива, рекол Петков.