Лидерите на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков и Асен Василев викендов ги продолжија средбите со луѓе низ државата.
Од нив стана јасно дека кога ќе се спречат кражбите и неправилностите кои ги остави во аманет ГЕРБ, „Продолжување на промената“ може да го заврши она што го започна за време на администрацијата. Целта е Бугарија да има пари за повисоки примања – пензии и плати, како и за големи инфраструктурни проекти.
„Почнавме да работиме на пет моста на реката Дунав за кои се зборува само со години, мора да ги завршиме“, рече Кирил Петков на средбата со граѓаните во Свиштов. „Цела Северна Бугарија е изолирана бидејќи нема автопат“, додаде тој.
Во Русе екипата на „Промената“ заедно со кандидатите за пратеници од Русе и лидерот Николај Шабев остварија средби со граѓани. Кирил Петков се обрати до народот со зборовите дека задачата на ПП е пензиите во рок од 4 години да достигнат 900 лева, а мимиалната плата да ја дотигне таа висина веќе од 1 јануари.
„Кога успеавме да го ограничиме протокот на дел од парите во џебовите на неколку одбрани фирми, се покажа дека има средства барем за некои социјални мерки. За помалку од една година успеавме да ги зголемиме пензиите повеќе од Владите на ГЕРБ во последните 12 години – со дури 55 отсто. Не е доволно, но е без преседан. Навредливо е што цела генерација во Бугарија беше под прагот на сиромаштија“, се сеќава Петков.