Кирил Петков им се обрати на насобраните граѓани пред бугарското Собрание, веднаш откако беше изгласана недоверба на неговата влада

Уште еднаш ќе се обидеме со независните пратеници дали сакаат да бидат со нас, ако не одиме на избори, изјави Кирил Петков, пред насобраните пред бугарското Собрание, веднаш откако беше изгласана недоверба на неговата влада.

Додека се движеше кон местото од каде беше предвидено да им се обрати на поддржувачите, тие извикуваа „Промена“ и „Победа“ и го поздравуваа.

„Денес видовме човек – господинот Слави Трифонов, кој испраќа СМС пораки до луѓето во Народното собрание, човек кој толку долго стои во позадина и ја одредува политиката во оваа зграда и г-ѓа Митрофанова, на која уште не и се верува дека му кажавме ‘не’ на ‘Газпром’. Овие четири луѓе се собраа, но не разбраа дека ова не е начин да се победи Бугарија. Заедно ќе ги победиме!“, им го порача премиерот Кирил Петков на демонстрантите за поддршка, извикувајќи со нив „Победа“.