Препораката на Курти Скопје да се доближи до самопрогласеното Косово, Албанија и Бугарија и подалеку од Србија е дрскост и повеќекратна глупост.
Ваквите изјави Курти ги дава во време кога отворено се занимава со дестабилизација на Северна Македонија, вели директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
„Прогласувајќи се себеси за политички и идеолошки ментор на оние кои ќе ја дестабилизираат и поделат Северна Македонија, Курти ја прошири својата воинствена мисија од Косово и Метохија на околните територии, кои ги смета за составен дел од неговиот луд големоалбански државотворен проект, рече Петковиќ.
И разбирливо е дека од Тетово, кое во блиското минато беше во фокусот на албанскиот тероризам и сепаратизам во Северна Македонија, Курти го напаѓа Белград, бидејќи Србија е најконзистентен и најискрен пријател на Северна Македонија во регионот.
Што повеќе треба за спонзорите на Курти во меѓународната заедница да се вразумат и да сфатат дека негуваат чудовиште, кое доколку не се запре, ќе разгори нов бран на конфликти и уништувања на Западен Балкан.
Апелираме до сите во Северна Македонија да не подлегнуваат на пропагандата и воинствената реторика на Аљбин Курти, туку да продолжиме да ја градиме просперитетната држава Северна Македонија.
Преку иницијативата Отворен Балкан и на сите други начини, Србија ќе продолжи да гради мостови на пријателска соработка со сите оние кои се грижат за нашиот регион засекогаш оставајќи го зад себе мрачното доба на меѓуетнички поделби и конфликти и тргнувајќи по патот на развојот и напредокот. “, рече Петковиќ.