Можно е утре и бугарскиот јазик да стане официјален во Македонија, изјави во ТВ Канал 5 поранешниот претседател на НСДП, Тито Петковски.
Тој во во Само интервју на ТВ Канал 5 истакна дека немаме причина да ги вметнеме Бугарите во Уставот.
– Не знам што е целта на Бугарија, ама не случајно и албанските партии заговараат промена на Уставот во делот на Рамковниот договор, ако е албанскиот јазик утре може да биде и бугарскиот јазик официјален јазик, изјави Петковски.
Тој истакна дека е можно Бугарите да ги искористат бугарските пасоши кои ги имаат Македонците за да побараат и бугарскиот јазик да биде официјален јазик во Македонија.
Сепак, Петковски нагласи дека тоа е негова претпоставка, нема конкретни сознанија за оваа ситуација.
На почетоците од осамостојувањето, Петковски кој тогаш беше во врвот на СДСМ, беше поврзуван со растурање на бугарски летоци во Македонија, за кои беше обвинета ривалската партија ВМРО-ДПМНЕ.