Министерството за здравство информира дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести.
Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да извршува својата функција како и досега.
Истото може да се потврди со соодветна документација.
Претходно, Канал 5 информира дека од Министерството за здравство првично преку меил го известиле Петличковски дека е разрешен и дека на негово место ќе биде назначен доктор Звонко Миленковиќ.
Но, подоцна во друг меил го информирале дека претходната порака не важи.