Петмина се убиени утрово во хаосот на аеродромот во Кабул додека американската војска ги евакуираше вработените во амбасадата, јавува Ројтерс.
Американската војска при евакуацијата испука предупредувачки куршуми во воздухот за да ги одврати луѓето кои пробуваа да им го попречат патот кон военото летало. Сведокот кој чекал лет на аеродромот 20 часа вели дека е нејасно дали петмината загинати се застрелани или го изгубиле животот во стампедото.
Американските одговорни лица на аеродромот засега не биле достапни за коментар.
На видеа објавени на социјалните медиуми Ројтерс забележале три тела на страничниот влез од аеродромот, но, како што известуваат од агенцијата не можат да ја потврдат веродостојноста на снимката. Друг сведок, исто така потврдил дека видел пет мртви тела.