Младинското движење „Петоци за иднината Скопје“ утре организира протест против загадувањето. Револтирани од не носењето на законот, движењето го закажаа во 15 часот пред Собранието каде ќе одржат перформанс со симболично седнување на улица. Протестот е насочен кон пратениците кои според нив го пролонгирале носењето на законско решение за увоз на отпад.
Во ноември 2019-та од власта побаравме да донесе нов закон до крајот на годината. Пратениците почнаа да се занимаваат со овој ургентен проблем дури при крајот на јануари, и продолжуваат бараат изговори за да не го исполнат барањето. Овој протест е насочен кон нив, и затоа мора да се одржи додека се уште се во Собранието во петок, велат од младинското движење.