Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров на покана на „Билка“ учествува на Македонски канабис форум.
– Нашето општество се менува, се демократизира. Не ги игнорираме важните теми, напротив, седнуваме и разговараме за нив. И ова се одлики на една модерна, европска земја. И на овој начин треба да седнеме и разговараме за сите теми што ги засега општеството и граѓаните, вели Петров.
Легализацијата на марихуаната би можела да придонесе за развој на одредени сектори од економијата, изјави премиерот Зоран Заев пред неколку дена и повика да се отвори дебата за декриминализација и легализација.
– Дебатата за декриминализација и легализација на марихуаната ја гледам од еконмски аспкет заради развојот на услугите и угостителството во државата. Нашето угостителство и услужни дејности многу малку учевствуваат во БДП а едни вакви производи може да бидат една сериозна иницијална каписла за раст на БДП во услугите и во угостителството. Го гледате МВР фаќа по 100, 200, 300 кг марихуана, ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во Закон, рече тој.
Заев ја повика стручната јавност и политичките субјекти да се произнесат за ова прашање.