Рано утрово, по американско време, средба во Белата куќа во Советот за национална безбедност на САД, а на масата темите за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент, која бара единство, сојузништво и брза и ефикасна европска интеграција на (симболот на македонското знаме), објави денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
– Процесот на европска интеграција на регионот на Западен Балкан стана безбедносно прашање од највисок приоритет, при што силната американска поддршка за неодложен почеток на преговорите за членство на С. Македонија во ЕУ е важен импулс за овие процеси, објави Петровска на нејзиниот официјален профил на Фејсбук.
Како што веќе објавивме, Петровска е во повеќедневна посета на САД, каде што заедно со нејзините колеги министри Бујар Османи, Крешник Бектеши и Бисера Костадиновска – Стојчевска го водат Стратешкиот дијалог со САД.