Наскоро сите вработени во Министерството за одбрана на работа ќе можат да одат со своите домашни миленичиња, најави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа денеска со незјината кучка Стела била во Амбасадатана САД, по повод Денот со миленици, каде што се дружеле со амбасадаорката Ангела Аџелер.

– Благодарам на амбасадорката Агелер за спонтаната покана со Стела да присуствуваме на “Денот со миленици” во амбасадата на САД. Интересен и многу радосен ден кога вработените во амбасадата доаѓаат на работа со своите миленици. Мојата миленичка радосница Стела е секој ден на работа со мене и наскоро оваа можност ќе ја имаат сите вработени во Министерството за одбрана, објави Петровска.

Таа во прилогот на нејзиниот профил на Фејсбук објави и фотографии од денешниот настан во Амбасадата на САД.