Солидарни сме со нашиот сосед и сојузник, Грција во борбата со огнените стихии, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа најави испраќање на хеликоптер за гаснење на големиот пожар во Грција.

slavjanka

-Еден хеликоптер на Армијата на Република Севервна Македонија ќе биде испратен да помогне во борбата со пожарите, додека 30 армиски припадници се подготвени да помогнат доколку се јави потреба.
Заедно сме посилни, заедно можеме да бидеме победници во борбата со овие природни катастрофи!- објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Сојузникот Грција го чува македонското небо, а Македонија ќе и помага во борбата против огнената стихија.