Сопственикот на штипската фирма Актива, Иле Николов, денеска информира дека компанијата се подготвува за целосното префрлање на производството на компанија Ван Хол од Белгија во Македонија.
Сопственикот на Актива, во чија посета денеска беше министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и која е партнер со белгиската компанија Ван Хол, рече дека веќе две години се заговарало за постепено префрлање на целосното производството.
-Ние за таа работа веќе се спремивме. Актива лани имаше дополнителни инвестиции во делот на машинскиот парк и веќе е зголемен товарот на произвоство и немаме од наша страна доцнење за нивните потреби, за зголемување на прооизводството ќе бидат следени и како ќе бидат доставувани барањата од нивна страна ние ќе го следиме тоа. Веќе сме во фаза на изградба на уште еден производен погон од 8.000 метри квадратни кој ќе биде исто така во функција на зголемување на капацитетите на нашите компании. Така што, ние во целост сме спремни за таа работа, посочи Николов.
Тој рече дека девизниот прилив за Актива од соработката со белгиската компанија за минатата година изнесува околу 15 милиони евра и дека оваа очекува доста поголем прилив.
-За оваа година очекуваме доста поголем прилив, се зависи од нарачките, сега за сега имаме на месечно ниво околу милион ипол евра до два милион евра, значи очекуваме некаде 20 до 25 милиона евра, појасни Николов.
Додаде дека во моментот 200 луѓе работат за потребите на белгиската компанија и дека најверојатно ќе има зголемување на бројот.
-Сега веќе 200 луѓе работат за потребите на Ван Хол и најверојатно ќе имаме зголемување и на бројот на вработените, но пак ќе повторам ние доста сме машински опремени, а машинското производсттво е потребно за нивните потреби, исто така имаме оддел за роботско заварување каде до пред две години имавме само два роботи за заварување сега имаме 12 од кои веќе се две сериозни роботски линии каде што претежно таму ги инсталираме елементите потребни на Ван Хол, истакна тој.
Николов, исто така не ја исклучи можноста за автобусите од „Актива“ во иднина да превезуваат војници на НАТО.
Фото: МИА