Како Левица си одработува за ДУИ и СДС?

Откако во јавноста се насобра огромен гнев по монструозниот скандал на Онкологија, Левица буквално го киднапираше протестот, со што ги одврати неисполитизираните граѓани од изразување на незадоволство и го задуши револтот. За чија корист – па на ДУИ и СДС.

Во следната фаза за спас на ДУИ и СДС, Левица прави дефокус на јавноста. Наместо да се врши притисок за расчистување и одговорност за овој грозоморен скандал, Левица со невистини и лаги го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за правење непостоечки кворум. За чиј интерес, па нормално за ДУИ и СДС, се разбира…

Власта си добива мир и фокус на јавноста кон опозицијата, намалени казни за криминалите и “спуштена топка” за скандалот со Онкологија…

А Левица најверојатно добива од тие валкани пари на власта и се надева на некој глас повеќе од некој изманипулиран граѓанин, одработувајќи за цепкање на опозициските гласови во корист на ДУИ и СДС.

Фактите се тие, но што друго да се очекува од Левица, која го поддржуваше и го донесе на власт Зоран Заев и која веруваше дека Катица Јанева ќе донесе правда во Македонија!

Линк од ФБ објава на Бране Петрушевски, пратеник: