Очигледно во Левица ги заболела метафората „талог“, употребена од Драган Ковачки, повеќе отколку луѓето од врхушката на СДС на кои се однесуваше, па веднаш се впуштија во нивна одбрана.

Ама кога веќе решиле да делат лекции за тоа кој што работел пред да влезе во политика, ајде да ја примениме нивната логика и кај нив.

По истата логика, нивниот лидер Апасиев, пред да стане пратеник, што работел?

Професор на државен универзитет и стручен соработник во криминалното СЈО.

И толку.

Или можеби Левица има некоја скриена биографија во која Апасиев, пред да стане пратеник, мешал малтер, нижел тутун, работел на шалтер или истоварувал камиони, па ја немаат објавено?

Не може Левица да глуми морален арбитер за „талог“, а истовремено да заборава дека нивниот политички врв е составен од луѓе кои кариерата ја градат во политиката и во државните институции, а не со мотика, лопата или во приватниот сектор.

Човекот се мери по тоа што направил, за што се залагал и каква трага оставил зад себе.

А Драган Ковачки, покрај Воената академија, се дошколувал на Командно-штабна академија во Хрватска и на Кралскиот колеџ за одбранбени студии во Лондон.

Бил припадник на специјалната единица „Волци“, учесник во конфликтот во 2001 година и во повеќе меѓународни мисии.

Тоа е биографија!

Затоа, „другари“ од Левица, пред да делите лекции за тоа кој што направил и кој колку вреди, може прво да одговорите на едно едноставно прашање:

Што направивте вие за Македонија, освен гол популизам, ширење вулгарен речник и омраза, и блокирање на развојни процеси, а на сметка на големите привилегии што ги уживате и дебелите државни плати и хонорари што ги наплаќате од граѓаните?

https://www.facebook.com/share/1LKvp9UNkC/?mibextid=wwXIfr