Во Охрид на конференцијата „Winning Local Elections“, организирана од Jarl Hjalmarson Foundation, заедно со ПИАЦ Љубиша Георгиевски, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Истакнува дека говорел на тема која е клучна за секој сериозен политички ангажман: јавни односи и комуникација – на национално и локално ниво.
-Пред моите сопартијци и идни функционери споделив практични искуства, алатки и стратегии кои ни помагаат да изградиме доверба, да комуницираме искрено и транспарентно, и секогаш да бидеме блиску до народот.
Прецизна порака, искрен пристап и транспарентност – тоа се темелите на успешната политичка комуникација, вели пратеникот.
Продолжуваме со уште посилна енергија и јасна цел: голема победа за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, додава тој.