Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски, повикувајчи на народот и пратениците да не наседнуваат на тоа.
Според Петрушевски, денешните немири во Собранието предизвикани од пратениците на Левица е „договор меѓу Левица, СДС и ДУИ“.
Да се одвлекува внимание од суштински работи и аргументирана дискусија. Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови. Насилството и провокациите се единствениот начин на опозициските партии да свртат внимание кон себе. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на денешниот инцидент осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент, рече Петрушевски.
Македонија, додаде, е посилна од нивните замки и погубно и нецивилизирано однесување.
Што се однесува до однесувањето на некои пратеници од владејачката коалиција ВМРО ДПМНЕ иако ја сфаќа реакцијата не се согласува дека треба да се наседнува на овие смислени провокации од циркузанти кои не знаат како поинаку продуктивни и конструктивно да создаваат за државата и народот и да се има цивилизирана дискусија со нив, туку се склони кон егзибиционизам и претворање на политиката во циркус, а тие самите себе си во кловнови. Сето тоа можеби некому му е интересно и забавно, но сепак сите се свесни за какви непредвидливи и нестабилни личности се работи, чија основна цел е деструкција наместо проекти и подобар живот. Сега таквите кловнови одлучиле да им бидат измеќари на СДС и ДУИ и тоа е нивен избор, но на сите им е јасно дека таквите луѓе никој не може да ги смета за сериозни и да им ја довери својата иднина. Секогаш кога СДС се во паника на тастер ја пуштаат пудлицата и насилникот Апасиев да навредува пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев денеска вреѓаше семејства и деца на пратеници. Нема потреба од повеќе зборови, доволно е граѓаните да го погледнат следното видео и да го видат примитивизмот на СДС и Венко Филипче преку неговата пудлица и насилник Апасиев, рече Петрушевски.