Судот денеска изрече срамни казни за тогашните директори на Клиничка болница Тетово, а за случајот во кој изгореа 14 лица во Модуларната болница во Тетово. По една година и шест месеци ефективна затворска казна за Флорин Бесими, тогашен директор на Клиничката болница во Тетово и Артан Етеми, економски директор во болницата. Замислете, правното лице Клиничка болница Тетово беше прогласено за виновно да плати околу 16-тина илјади евра.
Ова се ниски, срамни, далеку од правото, посебно од правдата казни за случајот во кој изгореа 14 лица, а се случи во септември 2021 година во Тетово.
По ваква пресуда, ни останува само едно, да ги повикаме надлежните, а воедно и да најавиме до сите вас, итни и неодложни реформи во правосудниот систем.
Оваа пресуда е класичен пример дека правосудниот систем е под влијание на СДС и ДУИ, поточно да не ги ставаме сите во ист кош, тоа се поединци кои настапуваат по волјата на СДС и ДУИ, а не судат по правните норми.
Сега пак, мора да ги повикаме надлежните да пристапат кон постапка за разрешување на оние кои се инволвирани во носењето на оваа срамна пресуда за Модуларната болница во Тетово. Воедно ја повикуваме Управата за јавни приходи да го испита потеклото на имотот на судијата кој ја донесе оваа срамна пресуда.
Кога веќе знаат да влијаат врз судството Венко Филипче и Али Ахмети да отидат дома кај семејствата на жртвите и да ги погледнат во очи. Филипче и Ахмети треба да им објаснат на семејствата зошто е донесена ваква срамна пресуда.
Ги повикуваме Филипче и Ахмети да се изјаснат зошто си поигруваат со судбината на граѓаните.
Филипче, наместо да се сонча во Дубаи, да оди, да ги погледне членовите на семејствата кои изгубија блиски, да им каже дека тоа се случило оти тој не го презел тендерот од локалната самоуправа, свесно и по налог на Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Али Ахмети.
Ова е пресуда од која се незадоволни сите. Ова е пресуда која го крева народот на нозе.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секаков израз на незадоволство од пресудата донесена од судијата кој очигледно работи по желбите на Филипче и Ахмети.
ВМРО-ДПМНЕ е категорично против сите кои го контролираат правосудниот систем.