Веќе пет дена почнувајќи од петокот на пладне возовите во земјава не сообраќаат на сите релации. Причина за тоа е штрајкот на Синдикатот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници на РСМ“, којшто протестира со стопирање на возовите.

Синдикатот бара зголелување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите, како и вработување на 40 машиновозачи и подобрување на условите за работа. Овие барања тие ги испратиле до Министерството за транспорт и врски, министерството за финансии и до Владата.

Велешани, посебно оние кои секојдневно патуваат со воз на работа или школување во Скопје, реагираат бидејќи трошоците за патување им се зголемуваат. Мора да користат автобус, за што билетот е 200 денари во еден правец, додека повратна карта за воз е 180 денари.