Ракометарите на Металург го запишаа петтиот пораз на исто толку натпревари во Ц-групата од Лигата на шампионите.
„Металурзите“ денеска загубија на гости кај Чеховски Медведи со 33:25.
Отпорот на македонскиот претставник во Русија траеше до почетокот на второто полувреме кога домаќините позитивата од два гола нагло почнаа да ја зголемуваат за конечни плус осум.
Халил Јагањац од Металург со седум голови беше најефикасен на натпреварот, Санталов во победничкиот тим се истакна со шест погодоци.
Металург останува на последното место на табелата без освоен бод, додека за Чеховски Медвевди ова беше втора победа наспроти трите досегашни порази.