Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека ќе го почитува примирјето објавено од американскиот претседател Доналд Трамп, под услов и Израел да го почитува.
„Доколку ционистичкиот режим не го прекрши примирјето, ниту Иран нема да го прекрши“, рече Пезешкијан за време на телефонскиот разговор со малезискиот премиер Анвар Ибрахим, според веб-страницата на претседателството.
МИА