Вардар го забележа и третиот пораз на стартот од новата сезона во ПМФЛ откако, „црвено-црните“ попладнево загубија со 3-2 на гостувањето кај Воска во Охрид.Ален Јашароски беше херојот на домаќините откако забележа хет-трик и три пати ја тресеше мрежата на Гачевски.
Глишиќ со бомба од далечина намали на 3-1 во 84. минута, а Жоглев во 92. минута само го ублажи поразот.Во „Маџари“, Велкоски со убав погодок од слободен удар му донесе три бода на Работнички во пресметката со Македонија ЃП.
Шкендија со 1-2 триумфираше на гостувањето кај Тиквеш, со истиот резултат Брегалница дома го совлада Гостивар, додека пак мечот Шкупи-Силекс заврши 1-1
ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (17 ЧАСОТ)
Воска Спорт – Вардар 3-2 (2-0)
Јашароски 27, 32, 48 – Глишиќ 84, Жоглев 90+2
Тиквеш – Шкендија 1-2 (1-2)
Мојсов 45+1 – Чинари 24, Елези 37
Брегалница – Гостивар 2-1 (1-0)
Венегас 10, Вебстер 78 – Селмани 90
Шкупи – Силекс 1-1 (1-0)
Пинтер 45+1 – Ѓорѓиоски 77
Работнички – Македонија ЃП (1-0)
Велкоски 21
УТРЕ
Струга ТЛ – Брера