Овој пијалак е навистина магичен затоа што го забрзува метаболизмот и истовремено ја намалува подуеноста во стомакот, а главната состојка на овој рецепт се вкусните и неодоливи јагоди.

Подуеноста во стомакот се јавува како последица од недоволно џвакање на храната, но и како последица од прекумерна употреба на производи кои содржа лактоза и одредени јаглехидрати. Намирниците како: ѓумбир, нане и мајчина душичка можат да ја намалат подуеноста. Проблемот со подуеноста можете да го решите и доколку си подготвите здрав пијалак.

Состојки

1 шолја изладен чај од камилица
1 шолја јагоди
1 шолја ананас
пробиотски јогурт
мед
коцки мраз

Начин на подготовка

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.