Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го критикуваше раководството на клубот по заминувањето на Аргентинецот Лионел Меси.
– Во последниве години, менаџментот на тимот дозволи некои работи што не смееше да се случат. Еве не се успеа ниту во целта да се задржи Меси. И претходно имаше промашувања во трансферите. Од друга страна, ние фудбалерите бевме казнувани, но носиме дрес на Барселона и должни сме да се бориме за клубот, изјави Пике.
На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Меси. Фудбалерот го напушти клубот поради финансиски проблеми на Каталонците.
Вчера Меси одржа проштална прес-конференција на „Камп Ноу“, на којашто не можеше да ги задржи солзите.
Се шпекулира дека Меси се договорил за соработка Пари Сен-Жермен.