Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике ја коментираше темата за евентуалното враќање на Нејмар во составот.
Според него, Бразилецот е тој што треба јавно да коментира за ова прашање.
– Има луѓе кои не беа задоволни од начинот на кој го напушти тимот, но има и такви кои беа многу среќни со неговата презентација овде. Ова е комплицирана операција. Тој е играч на Пари Сен Жермен, а составот што го имаме е доволно добар за да го освоиме секој трофеј. Ако се појави оваа можност, вие ја знаете мојата врска со него. Ќе ми биде драго ако се врати, но тој е играч на ПСЖ. Личното мислење не го менува ова. Нејмар е тој што треба да зборува за темата. Ако сака да зборува или да даде свое мислење, треба да излезе и да зборува. Тој е ѕвезда на и надвор од теренот. Ние чекаме да видиме што ќе се случи, рече Пике пред мечот со Наполи вечерва.