Инвестициската група на Жерард Пике – „Космос Глобал Холдинг Груп“, имала намера да го стекне англискиот клуб Нотс Каунти, кој е најстариот професионален клуб во светот, пренесе „Атлетик“.
Според изданието, дефанзивецот на Барселона преговарал со поранешниот сопственик на НотсКаунти – Алан Харди, во јули оваа година, откако бил привлечен од престижот и вредноста на клубот. Основан е во 1862 година. Пике имал идеја во тимот да ги разигрува талентите на школата на Барселона – Ла Масија, и да се стекнат со вредно искуство во Англија.
„Атлетик“ пренесува и дека англискиот клуб се наоѓал во тешка состојба и под закана од затворање. Компанијата на Пике не била во можност да ги подготви сите документи навремено, откако истовремено сакала да се увери дека нема да и бидат пренесени огромните долгови на клубот.
На крајот на краиштата, клубот го купиле бизнисмени од Данска. Харди бил принуден да го прифати нивниот предлог, бидејќи секое одложување можело да значи ликвидација на историскиот клуб. Треба да се напомене дека меѓу инвеститорите во компанијата на Пике се и неговиот соиграч Лионел Меси, како и американскиот милијардер Лери Алисон.