Како компанија “Пин Петрол” во целост демантираме и се оградуваме од наводите на некои медиуми кои пренесоа информација за некаква поврзаност со уапсената Габриела Крстевска. Ние како компанија немаме никаква сопственичка ,правна и родбинска поврзаност со осомничената, велат во демантот испратен до медиумите од компанијата “Пин Петрол” Куманово.
Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин Петрол) за кое осомниченото лице Габриела Крстевска има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за било какви информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија. Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан, стои во демантот на компанијата.