Македонски репрезентативец Лука Стојчев член на ППК Шампин ФА, постигна забележителен пласман на меѓународниот европски пинг-понгарски камп во Унгарија за играчи родени од 2007 до 2010 година.
Во натпреварите кои се одржаа во рамките на пинг-понгарскиот камп, Лука го освои 9.место, во конкуренција на најсилните играчи од Европа. Лука во групната фаза оствари пет победи и два пораза, додека во групата за пласман од деветто до дванаесетто место беше најдобар.
На кампот во Унгарија учествувваа и Сара Стојановска и Алексндар Јакимовски, и двајцата од ППК Крива Паланка. Александар се пласира на 29. место, додека Сара го освои 18. место.
Екипата кадетски репрезентативци ја предводеше Сашко Богатинов, поранешен државен првак и истакнат пинг-понгарски работник, член на ППК Шампион ФА.