Донација од професионални пинг-понг маси, сертифицирани за натпревари според ИТТФ стандардите, како и рекети, топчиња и останатите реквизити им додели Пинг-понгарската федерација на Македонија (ППФМ) на домашните клубови за развој на нивните младинските школи.
Помошта во спортска опрема, како што е соопштено, е „продолжување на агендата за поголема масовност на пинг-понг и вклучување поголем број млади играчи во процесот на тренинзи и натпревари со цел на изградба на секој играч индивидуално во личност со здрави навики на живеење и почитување на ферплеј во натпреварите“.
– ППФМ и во иднина ќе ги поддржува сите клубови, кои имаат вклучено млади играчи во своите екипи и несебично ќе ги помага и сите останати здруженија кои го практикуваат пинг-понгот како спорт, соопшти Пинг-понгарската федерација.