Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло не чувствува психолошки притисок пред неговиот деби натпревар како тренер во Лигата на шампионите против Динамо Киев.
– Јас сум секогаш смирен. Не може да има напнатост – повеќе не играм. Нека оваа напнатост се пренесе кај играчите кои влегуваат на теренот. Првиот натпревар во Лигата на шампионите е најважен. Затоа, многу е важно да се победи. Размислуваме само за ова, изјави Пирло.
Тој исто така призна дека му е благодарен на тренерот на украинскиот тим, Мирчеа Луческу.
– Мирчеа Луческу е мојот прв тренер кој ме донесе во фудбалот на возрасните на возраст од 15-16 години. Имам многу спомени од него. Јас секогаш ќе му бидам благодарен и ќе му кажам за тоа. Се надеваме дека ќе имаме можност да разговараме, нагласи Пирло.
Средбата Динамо Киев – Јувентус се игра вечер со почеток во 18.55 часот на „Олимпискиот стадион“ во Киев.