Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, рече дека Роналдо својата лутина од елиминацијата од Порто, ја искажа на натпреварот од 27. коло во Серија А со Каљари (3:1). Роналдо вчера ги постигна трите гола за „Старата дама“.
– Правилно пристапивме на овој натпревар. Тоа ни беше потребно по напуштањето на Лигата на шампионите. Роналдо, како и другите, беше лут поради испаѓањето, но тој го кажа својот збор на теренот, постигнувајќи три гола. Најважно е да останеме фокусирани на нашите резултати и да освоиме што повеќе бодови. Да видиме каде води ова, изјави Пирло за „Скај Спорт Италија“.
Јувентус по 26 одиграни натпревари во Серија А има 55 бода и се наоѓа на 3. место.