Поради подметнување на пожар кај браната Водоча кај Струмица уапсен е телохранителот на пранешниот премиер Зоран Заев објави порталот Струмица Денес.

Prinscreen

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.

strumicadenes

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.

Како што и претходно како медиум информиравме, постои големо сомнение дека голем број од пожарите намерно се подметнуваат, а со цел да се предизвика вознемиреност и несигурност кај македонското население како политичка штета на актуелната власт која во овој момент одлично се справува со истите.