Повеќе од 500 личности и организации денеска предупредија на „заканата“ од „одредени влади“ и нивното загрозување на демократијата за време на здраствената криза и епидемијата со Ковид-19.
Помеѓу потписниците на отвореното писмо се добитничката на Нобелова награда за литература Светлана Алексијевич, францускито писател Бернар-Анри Леви, американскиот актер и добитник на Нобелова награда за мир Ричард Гир, поранешниот полски претседател Лех Валенса и поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.
Автоританите режими ја користат оваа криза… за да ги замолчат критичарите и да ја зацврстат својата политичка моќ. Демокраријата е во опасност… во прашање се слободата, здравјето и достоинството на луѓето ширум светот, се наведува во отвореното писмо, но потписниците не именуваат ниту една држава.
Писмото е иницијатива на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) во Стокхолм.